Порошенко ќе донесе одлука за прекин на огнот во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека одлуката дали ќе биде продолжен прекинот на огнот во источна Украина ќе ја донесе кога ќе се врати во Киев по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел. Прекинот на огнот завршува денеска. Рускиот министер за надворешни работи изјави дека земјата ќе го поддржи тридневното продоложување на прекинот на огнот, но дека тоа не треба да го одложи разоружувањето на сепаратистите.