МОН-Слободни уште 22 436 места за полуматурантите

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми.

Од 22.058 полуматуранти во прва година средно образование за престојната учебна година се пријавиле 17.982 полуматуранти, а се запишале 12.551. Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми информираше дека 9.547 од нив се за настава на македонски јазик, 2.761 за паралелките на албански наставен јазик, а 143 се за турски јазик и 100 се повторувачи. Според видот на образованието, 5.603 се запишале во гимназиите, 6.792 во стручните училишта и 156 во Спортската академија.

Во понеделник и вторник ќе се спроведе второто пријавување во јунскиот уписен рок, а резултатите ќе бидат објавени на 3 јули. Слободни се уште 22.436 места.