ЕУ нема да спроведе нови санкции против Русија

ЕУ нема да донесе одлука за спроведување нови санкции против Русија за време на Самитот кој започна вчера во Брисел, туку ќе биде наведено она што се очекуваа од Москва во наредните 72 часа во однос на кризата во Украина, соопштија дипломатски извори за Радио Слободна Европа.

Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа на Самитот ја повика Русија да преземе чекори за разоружување на сепаратистите во Украина во наредните часови. Стејт Департментот соопшти дека биле подготвени новите санкции против Русија, но Кери порача дека САД би сакале Русија да преземе мерки без да и биде извршен притисок.