Путин повика на прекин на огнот и мировни преговори во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на долгорочен прекин на огнот во Украина со цел да бидат спроведени мировни преговори помеѓу властите во Киев и источниот регион на земјата, кој го преземаа сепаратистите. Путин за време на дипломатска церемонија во Кремљ порача и дека насилството принудило илјадници Украинци да побараат засолниште во другите земји, меѓу кои и Русија. Според него, украинското општество е поделено и принудено да бира помеѓу Европа и Русија.