Украина, Грузија и Молдавија ги потпишаа договорите со ЕУ

Украина, Грузија и Молдавија денеска во Брисел ги потпишаа клучните договори со Европската Унија со кои овие три земји се приближија кон Запад. Украина потпиша договор за поблиски економски врски со Унијата, а Молдавија и Грузија за поблиски политички односи со ЕУ.

Идните генерации ќе го паметат овој ден, изјави Претседателот на Европскиот Совет Херман ван Ромпуј по повод денешното потпишување на договорите меѓу ЕУ и Украина, Грузија и Молдавија. Нашата порака е дека ЕУ е со вас и го почитува вашиот територијален интегритет. При тоа, Ромпуј додаде дека во договорот нема ништо против Русија.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на церемонијата на потпишување на ЕУ рече дека се покажува колку драматично работите може да се променат за кратко време ако волјата на народот е доволно силна. Тој ја посвети церемонијата во чест на оние луѓе кои ги загубија своите животи за овој момент да се случи."