Хашим Тачи - побезбедно е во Приштина отколку во Белград

Припадниците на српската заедница во Косово се безбедни, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, додавајќи дека статистички гледано „побезбедно е да се шета низ Приштина, отколку низ Белград“.

„За да се нормализира состојбата мораме да се заложиме за спроведување на дотовореното и да работиме да се воспостави доверба во нашата земја и покрај тоа што не треба да се заборави дека пред 15 години Косово беше соочено со геноцид, вели Тачи во интервју за белградскиот весник „Данас“.

Тачи нагласува дека доколку остане на премиерската функција неговата влада ќе работи на унапредување на безбедноста на припадниците на српската заедница и на враќање на Србите кои го напуштија нивните домови во Косово.