Времето денеска - облачно и нестабилно

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 25 до 33 степени.Во Скопје слично време. Ќе дува умерен северозападен ветер кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе достигне до 28 степени.