Филе-доведена е во прашање довербата во проширувањето на ЕУ

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе изјави дека приемот на Романија и Бугарија ја довело во прашање довербата во процесот на проширување на ЕУ. Според него, и членките на Унијата и земјите аспиранти за прием се се понезадоволни од спората интеграција.

Тој во интервју за „Еуроактив Чешка“ порачува дека во последните пет години многу работи во процесот на проширување на Унијата се промениле. Филе оцени дека во следниот период најголем предизвик за Унијата ќе биде да ја поврати загубената доверба во процесот на проширување, но, притоа и да ги зајакне стандардите за прием.