Амнести Интернешнел го одбележува денот против тортура

Амнести Интернешнел ја одбележува 30 годишнината од Конвенцијата на ОН против тортура со протест во Лондон пред дипломатски претставништа на земјите кои ја практикуваат тортурата. Демонстрантите се собрале пред амбасадите на Узбекистан, Филипини, Мексико и Нигериската висока комисија. Генералниот секретар на ОН, Бан ки Мун ги повика сите земји кои се уште не ја ратификувале Конвенцијата против тортура да го сторат тоа.