Обемна истрага за нападот врз патнички авион во Пакистан

Пакистанските безбедносни служби соопштија дека над 200 луѓе биле под истрага во врска со нападот врз пакистанскиот патнички авион пред два дена. Една жена загина, а две лица беа повредени кога било пукано врз пакистанскиот авион при слетувањето во Пешавар. Авионот со 178 патници летал од Ријад, Саудијска Арабија. Никој не ја превзеде одговорноста за нападот, но се верува дека тоа е дело на пакистанските талибанци.