Порошенко со план за поголеми овластувања на регионите

Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека денеска ќе предложи во парламентот уставни измени, со кои ќе им бидат зголемени овластувањата на регионалните власти како дел од планот за смирување на кризата на истокот на земјата. За денеска е најавено и дека Порошенко ќе има конференциски телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Во меѓувреме, и покрај примирјето, и денеска се јавува за борби во околината на градовите Краматорск и Славјанск.