Самитот на ЕУ почнува на боиштата од Првата светска војна

Лидерите на Европската унија денеска ќе присуствуваат на свечената церемонија за одбележување на стогодишнината од избувнувањето на Првата светска војна. На настанот што ќе се одржи на боиштата во Фландрија лидерите ќе ја повторат заложбата за градење на мировна унија. Церемонијата во Белгија е почеток на дводневниот самит на Европската унија. Главно на агендата се очекува да биде прашањето кој ќе застане на моќната позиција претседател на Европската комисија. Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера рече дека ќе се спротистави на изборот на Жан Клод Јункер. Лидерите исто така се очекува да дискутираат и за можните идни санкции за Русија поради кризата во источна Украина. Во меѓувреме, Украина заедно со Грузија и Молдавија ќе потпишат клучни политички и економски спогодби со ЕУ кои се очекува да ги приближат до Брисел, а дополнително да ги одалечат од Москва.