Гани ги отфрли обвинувањата за изборна измама

Авганистанскиот претседал Ашраф Гани ги отфрли наводите за изборна измама кои придонесоа за политичка криза, соопштувајќи дека гласањето за него било легитимно. Во неговиот прв говор откако беа обелоденети обвинувањата, тој рече дека нивните гласови биле чисти и дека ќе го бранеле секој глас. Претседателот на изборната комисија на 23 месецов си поднесе оставка откако претседателскиот кандидат Абдула Абдула го обвини за лажирање на резултатите од гласањето на 14 јуни во корист на Гани.