Времето денеска облачно и топло

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и топло. Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, особено во југозападниот дел од земјава. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Во Скопје и околината умерено облачно и топло, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часови и со температура до 33 степени.