Кери-Путин да покаже дека е за мир во Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери го повика денеска рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека е посветен на мирот во Украина и да престане да ги поддржува сепаратистите. Кери по средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ, порача дека е клучно да се стопира испораката на оружје, да се повлечат руските борци, сепаратистите да го положат нивното оружје, како и да бидат ослободени заложниците. Според него, САД работат заедно со европската заедница за подоготвка на нови санкции врз Русија доколку е потребно.