Бугарија-По 5000 евра за семејствата на настраданите во поплавите

Поплавите во Бугарија

Бугарскиот заменик-министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров изјави денеска дека семејствата на 13-те загинатати лица во поплавите во Варна и Добрич ќе добијат еднократна парична помош во износ од по 10.000 лева, односно 5000 евра. Според него, досега биле поднесени и прифатени 519 барања за отштета на настраданите од поплавите. Бројот на досега поднесените барања, како што нагласи Лазаров, изнесува над 50 проценти од прелиминарните проценки на надлежните служби.