Талибанска офанзива во јужен Авганистан

архива

Авганистанските власти соопштија дека над 800 талибански борци започнале офанзива во јужниот дел од земјата.

Најмалку 35 цивили биле убиени во петдневните борби. Досега загинале 100 талибански милитанти и најмалку 21 војник во Хелманд, на границата со Пакистан.

Независна потврда на бројот на мртвите нема.Последните американски војници се повлекоа од Санџин во Хелманд минатиот месец и им ги предадоа базите на авганистанските безбедносни сили.