Нападната и најголемата воена база во Ирак

Милитантите ја нападнаа најголемата воена база во Ирак во време кога првиот тим американски воени советници пристигна во земјата за да им помогне на владините сили да се справат со сунитските милитанти.

Милитантите ја опколиле и гранатирале воздухопловната база позната како камп Анаконда.

Во меѓувреме, останува нејасно кој ја контролира најголемата рафинерија Баиџи каде владините сили се борат со милитантите повеќе од една недела.

Милитантите ја презедоа контролата врз делови на северниот и западниот дел на Ирак.