Либија - први слободни избори по 40 години

Во Либија денеска се одржуваат параламентарни избори во очекување дека ќе се намали хаосот што ја зафати оваа земја производител на нафта и членка на ОПЕК по соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година. Станува збор за првите слободни избори во Либија по повеќе од 40 години. Во Либија има подлабоки превирања и по кампања против исламистичките милитанти на истокот на земјата.