Порошено предупреди дека може да заврши прекинот на огнот

Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди дека тој може да се откаже од прекинот на огнот откако про-руските сепаратисти соборија украински хеликоптер. Вчера деветмина Украинци загинаа кога воениот хеликоптер Ми- 8 беше погодена од ракета и се урна во близина на источниот град Словјанск. Овој инцидент доаѓа во време на напади врз аеродромот во Доњецк и контролни пунктови, во кои имаше неколку повредени и еден загинат, иако сепаратистите најавија привремен прекин на огнот.Порошенко прогласи привремен прекин на огнот до 27 јуни како дел од мировниот план за ставање крај на борбите.