Поздравена оставката на високиот авганистански изборен службеник

Оставката на високиот авганистански службеник е поздравена како важен чекор во зачувувањето на интегритетот на изборниот процес. Претседателот Хамид Карзаи изјави дека одлуката на Зија ул-Хак Амаркхали , шефот на секретаријатот на Независната изборна комисија, претставува соодветен и одговорен чекор .Амаркхали се повлече од функцијата поради обвинувањата од кандидатот Абдула Абдула дека тој ги лажирал резултатите на вториот круг на изборите на 14 јуни, во корист на неговиот противник, Ашраф Гани. Канцеларијата на ОН во Кабул го пофали Амаркхали за ставање на националните интереси пред личните интереси.