Јужен тек ќе поминува и низ Австрија

Средба на рускиот и австрискиот претседател Владимир Путин и Хајнц Фишер

Австриската енергетска компанија ОМВ и руски Газпром потпишале договор гасоводот кој треба да ја снабдува Европа со природен гас да поминува низ земјата, при што Украина ќе биде заобиколена. Договорот бил потпишан по средбата во Виена помеѓу рускиот и австрискиот претседател Владимир Путин и Хајнц Фишер кои разговарале за гасоводот Јужен тек и за украинската криза.

Европската Комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да не подлегнуваат на притискотот на Кремљ за проектот, бидејќи Газпром ги прекршил правилата за конкуренција на пазарот. ОМВ тврди дека проектот ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето со енергија во Европа.