ПССЕ-Бојкотот на Парламентот не е решение

Претседателката на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Ан Брасер изјави денеска за МИА дека бојкотот на Собранието не е решение за проблемите. Според неа, ситуацијата е слична со онаа во Албанија во 2010 година, кога опозицијата по изборите одбила да заседава во Праламентот.

Брасер порача дека дијалогот треба да се води во демократските институции, како Парламентот, бидејќи само на таков начин може да се напредува. Тоа е советот, како што изјави таа, кој може да им го даде на сите оние кои одбиваат да заседаваат во нивниот Парламент. Брасер порачува дека бојкотот на Парламентот не е решение за проблемите. Делегацијата на ПССЕ во Македонија се очекува да допатува на 10 јули.