ОН-1075 лица загиналe во немирите во Ирак

ОН соопштија дека најмалку 1075 луѓе загинале во Ирак помеѓу 5 и 22 јуни, во нападите на сунитските милитанти кои ја преземаа контролата во северниот дел на земјата. Најголем дел од жртвите се цивили. Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Ирбил, во курдскиот регион во Ирак, како дел од неговите дипломатски напори за смирување на воената и политичка криза во земјата.