Казахстан - награда за Џулијан Асанж

Унијата на новинари во Казахстан му додели главна награда на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, за неговите „напори во истражувачкото новинарство“.

Според претседателот на Унијата Сеитагази Матајев, Викиликс обезбедил многу "интересни" материјал кои се користат од страна на новинарите во Казахстан. Според Матеев, наградатата која се состои од трофеј и непозната сума пари – ќе му биде испратена на Асанж по пошта.

Асанж живее во амбасадата на Еквадор во Лондон од 19 јуни 2012 година каде доби политички азил. Основачот на Викиликс се бара од САД за откривање на класифицирани материјали, а во Шведска поради наводни сексуални престапи.