Земјотрес кај Алјаска, избегнато цунами

Илустрација: Алјаска.

Американскиот геолошки институт издаде предупредување за цунами, откако земјотрес од 8 степени го погоди брегот на Алјаска. Предупредувањето важи за крајбрежните области на Алјаска од Николски до Ату. Од Институтот велат дека сите расположливи податоци укажуваат на тоа дека поголемо цунами не се очекува. Брегот го погодија само мали бранови од неколку сантиметри, па предупредувањето беше повлечено. Епицентарот на земјотресот беше лоциран на околу 24 километри југоисточно од островот Литл Ситкин.