Груевски-техничка влада не е решение

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека по завршувањето на разговорите со СДСМ очекува опозицијата да престане да и прави штета на земјата и на сите граѓaни. Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се очекува утре да остварат средба за решавање на политичката криза, откако опозициските пратеници поднесоа оставки од функциите и не учествуваат во работата на Собранието. Груевски порача и дека не смета оти техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.