Сирија ја предала последната залиха на хемиско оружје

Организацијата која го надгледува уништувањето на сириското хемиско оружје соопшти дека земјата ги предала последните резерви на хемиско оружје. Директорот на организацијата, Ахмет Узумку изјави дека последните 8 отсто од хемиското оружје, која изнесуваше 1300 тони биле натоварени на бродови на пристаништето Латакиа. Но, тој не можел со сигурност да потврди дали Сирија повеќе не поседува хемиско оружје.