Ирак-Нападнат конвој со затвореници, 50 жртви

Најмалку 50 затвореници загинале во близина на Багдад кога бил нападнат конвојот во кој се превезувале од страна на вооружена група милитанти. Ирачките власти соопштија дека загинале и 7 од напаѓачите. Според нив, конвојот се движел накај Хила. Се уште не се знае точно како загинале затворениците.