Џон Кери пристигна во Багдад на разговори за кризата во Ирак

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува денеска во Багдад на разговори за актуелната криза во Ирак, која е најголема закана за неговиот суверенитет во последниве години. Портпаролот на Стејт Департментот, Џен Псаки изјави дека Кери со ирачките лидери ќе разговара за американските мерки за помош на Ирак против новите закани, а ќе ги повика и што е можно поскоро да формираат влада која ќе ги претставува интересите на сите ирачани.