Нетанјаху бара САД да не соработуваат со Иран за Ирак

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика САД да не соработуваат со Иран во стабилизацијата на Ирак. За американската телевизија Ен-Би-Си, Нетанјаху вчера рече дека САД треба да се обидат да ги ослабнат и Иран и сунитските милитанти од Исламската држава Ирак и Левант кои напредуваат кон Багдад. Американскиот претседател Барак Обама минатата недела рече дека Иран може да одигра конструктивна улога во Ирак ако ги следи американските насоки за притисок врз сите страни во Ирак. Нетанјаху оцени дека е „историска грешка“ привремената спогодба меѓу Иран и шесте светски сили за иранската нуклеарна програма што беше постигнат во ноември.