Милитанти зазедоа повеќе градови во западен Ирак

Сунитските милитанти вчера зазедоа повеќе градови во западниот дел на Ирак, како и уште два стратешки граничните премини со Сирија и со Јордан.

Борци од Исламската држава во Ирак и Левант, исто така, се обидуваат да се пробијат во градот Хадита, град во западната провинција Анбар, каде се наоѓа втората по големина хидро-електрична централа. Владините сили се обидуваат да ги спречат милитантите да ја заземат централата.