Иранскиот врховен лидер против странски интервенции во Ирак

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи зборуваше против интервенцијата во Ирак од страна на САД или кој и да е друг, велејќи дека Ирачаните можат сами да стават крај на насилството во нивната земја.
Иранските медиуми ја пренесоа изјавата на Хамнеи во која вели- "ние веруваме дека ирачката влада, нација и религиозните власти се способни да ја прекинат пропаганда."
Хамнеи изјави дека "главното разијдување е помеѓу оние кои сакаат Ирак да се приклучи кон американскиот камп и оние кои се залагаат за независен Ирак."
Камнеи се чини дека се избегнува да ги спомене сунитските милитанти на Исламската држава Ирак и Левант, кои зазедоа големи области во Ирак, или дека Иран, наводно, испратил свои воени советници во Ирак за да помогне да се заштитат шиитските свети места.
Американскиот претседател Барак Обама на 19 јуни рече дека САД ќе испрати околу 300 војници во Ирак за да им помогне да ги координираат борбите против ИСИЛ но јасно стави до знаење дека САД нема да се вклучи во борба во Ирак.