Над половина милион жители на Хонгконг излегоа на референдум

Повеќе од половина милион жители на Хонгконг гласаа на неофицијалниот референдум за демократските реформи во градот, за кој Кина наведува дека се одржува нзаконски. Околу 636 000 граѓани гласале до сега од петокот кога започна референдумот. Напнатоста во Хонгконг се создаде околу прашањето на изборот на лидер на градот кој моментално се поставува со помош на гласовите на градската комисија од 1200 членови, главно прокинески ориентирани. Пекинг вети дека ќе им овозможи на жителите на Хонгконг да го бираат својот градоначалник од 2017 година. Меѓутоа, централната влада не им дозволи сами да именуваат свои кандидати.