Сунитските милитанти зазадоа неколку градови во Ирак

Сунитските бунтовници предводени од огранокот на Ал Каеда , ИСИЛ, зазедоа два стратешки града во западниот дел на Ирак и првиот граничниот премин со Сирија. Заземањето од страна на Исламската држава Ирак и Левант на реката Еуфрат и блискиот град Ана во провинцијата Анбар се покажува како дел од напредувањето кон браната во градот Хадита, која има хидраулична централа. Милитанти наводно ја имаат и целосната контрола на граничниот премин Ал Ќаим со Сирија. Илјадници шиитски борци пак, лојални на влијателниот свештеник Моктада ал-Садр вчера одржаа парада низ Багда како парада на сила, на која беа вооружени со тешка воена опрема.