Лидерите на САД, Франција и Германија со предупредувачки пораки до Русија

Лидерите на САД, Франција и Германија порачаа дека Русија се соочува со ризик од нови санкции од Западот ако не успее да ги намали тензиите на границата со Украина. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама разговарал одделно со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. Американскиот Стејт департмент соопшти дека има информации дека Русија собрала тенкови и артилерија на точките за распоредување кои би можеле да ги снабдат сепаратистичките борци во Украина. Во меѓувреме, американското Министерство за финансии воведе санкции за седум про-руски сепаратистички лидери, вклучувајќи самопрогласени сепаратистички градоначалници, гувернери и командири.На 20 јуни, украинскиот претседател Петро Порошенко нареди седумдневен прекин на огнот во борбата против проруските сепаратисти, но, исто така, ги предупреди да го остават оружјето. Во Москва, Кремљ прекинот на огнот, го оцени повеќе како ултиматум отколку како придонес кон мирот.