Временска прогноза - облачно со услови за дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 25 степени.
В недела и в понеделник ќе преовладува претежно сончево време со мала умерена облачност и со пораст на дневните температури.
Преодна нестабилност се очекува повторно во среда.