ОН бараат ембарго за набавка на оружје во Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го повика Советот за Безбедност да и воведе ембарго на Сирија за набавка на оружје. Според него, странските сили кои и доставуваат оружје на земјата се неодговорни и порача дека Сирија денес е пропадната држава.
Воедно, Бан Ки Мун ги поздрави неодамнешните контакти помеѓу Иран и Саудиска Арабија и изрази надеж дека тие ќе изградат доверба и дека ќе го променат правецот на нивната деструктивна конкуренција во Ирак, Сирија, Либан и насекаде.