Ерменија-Двајца војници загинале во борбите на границата

Ерменски војници

Двајца ерменски војници загинале во последните борби помеѓу ерменските и азбербеџанските безбедносни сили. Во меѓувреме медиумите во Азербеџан јавија дека две жени и едно девојче биле застрелани од страна на ерменските војници во близина на границата со Нагорно Карабах. Двете земји се во спор за регинот Нагорно Карабах, кој беше преземен од Азербеџан од страна на ерменските сепаратисти за време на војната во 1990 година. Најмалку 16 војници од двете страни загинаа од почетокот на годината.