Попоски на средба на шефовите на дипломатии на ПСЈИЕ

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Букурешт учествуваше на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ. Попоски, според соопштението од МНР, се осврнал на значењето на опстојување на политиката на проширување на ЕУ во наредниот период.
На состанокот министрите размениле мислења за актуелните состојби во регионот и за перспективите за негово целосно евроинтегрирање, за улогата на ПСЈИЕ како автентичен глас на регионот, за можностите за натамошното унапредување на економската со акцент на интерсекторската соработка меѓу државите, како и други прашања од значење за европската и евроатлантската иднина на регионот.