Повик за формирање нова влада во Ирак

Абдул Махди ал Карбалаие

Спиритуалниот лидер на ирачкото шиитско мнозинство, Ајатолахот Али ал Систани повика за воспоставување нова ефективна влада. Според него, идната влада треба да отвори нови хоризонти за подобра иднина на сите жители на Ирак. Абдул Махди ал Карбалаие говорејќи во името на Систани порача и дека сите сунитски екстремисти треба д абидат протерани од Ирак, пред да биде премногу доцна.