Обама - САД подготвени да испратат 300 воени набљудувачи во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама синоќа по повод ситуацијата во Ирак изјави дека САД преземаат серија мерки за помош на Ирак каде милитантите окупираа големи делови на западниот и северниот дел на земјата. На прес-конференција во Вашингтон, Обама кажа дека е зголемена безбедноста на американската амбасадата во Багдад и оти САД ја засилиле нивната разузнавачка работа во Ирак за подобро да ја разберат опасност што му се заканува на Багдад.

Обама изјави дека Сад во Ирак ќе испратат до 300 американски војници но тие нема да се борат во Ирак туку ќе помагаат во обуката на ирачките сили.Тој побара од ирачките лидери да ги премостат разликите и заедно да најдат решение.