Нови борби во источна Украина

Во регионот на Доњецк дошло до нови жестоки борби меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти. Агенциите јавија дека во борбите имало 4000 сепаратисти, додека украинската пешадија била поддржана со 20 тенкови и артилерија. Командантот на бунтовниците Игор Стрелков наведе дека сепаратистите имале големи загуби во опрема и оружје. Нема информации за жртви кај украинската војска. До борбите дојде откако бунтовниците одбија да го положат оружјето, како дел од планот на претседателот Петро Порошенко.