Ослободени 230 офицери осудени за заговор против Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот суд нареди да бидат ослободени 230 армиски офицери, кои беа осудени во 2012 година за заговор за соборување од власт на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Уставниот суд вчера утврди пропусти во судскиот процес против нив, односно дека биле прекршени правата на офицерите, кои се судени за заговор за државен удар против исламско-конзервативната Влада.