Авганистан-Абдулах нема да ги прифати изборните резултати

Абдула Абдулах

Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдулах изјави дека нема да ги прифати изборните резултати, бидејќи неговите обвинувањата за нерегуларностите на гласањето не беа прифатени. Тој вчера побара да запре пребројувањето на гласовите, а шефот на независната изборна комисија Зиа ул Хак Амархаил да добие отказ и ОН да го надгледуваат процесот.
Амархаил изјави дека ќе продолжи пребројувањето на гласовите под мониторинг на авганистанските и меѓународни набљудувачи и дека комисијата не работи за одреден кандидат.