Расмусен-илјадници руски војници распоредени во источна Украина

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека најмалку неколку илјадници руски војници биле распоредени во близина на границата на источна Украина. Според него, тоа претставува голем чекор наназад и се чини дека Русија ја остава отворена опцијата за интервенција во Украина. НАТО претходно соопшти дека Русија повлекла околу две третини од нејзините војници.