ОБСЕ вопоставил контакт со исчезнати набљудувачи во Украина

Портпаролот на ОБСЕ, Мајкал Боциуркив

Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа соопшти дека воспоставила контакт со две групи на политички набљудувачи кои беа пријавени за исчезнати пред три недели во источна Украина. Портпаролот на ОБСЕ, Мајкал Боциуркив изјави дека тие се безбедни и неповредени. Според него, никој не преземал одговорност за нивното исчезнување, без да даде дополнителни детали. Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека набљудувачите на ОБСЕ биле киднапирани од вооружни противници на властите во Киев.