Нови луѓе на неколку клучни позиции во Украина

Украинскиот парламент денеска ги одобри номинациите на претседателот Петро Порошенко за неколку клучни позиции.
Павло Климкин, досегашен украински амбасадор во Германија, е нов министер за надворешни работи. Климкин имаше клучна улога во преговорите со Европската Унија за договорот за асоцијација и слободна трговија, кој Украина треба да го потпише до крајот на месецов.
Виталиј Јарема е назначен за главен обвинител, кој треба да има клучна улога во битката против корупцијата, а Валерија Хонтарева доаѓа на чело на Централната банка.