Фелипе Шести од денска и формално крал на Шпанија

Новиот шпански крал Фелипе шести денеска и формално е устоличен, откако неговиот татко Хуан Карлос се повлече. Церемонијата се одржа во парламентот на Шпанија, без големи приеми на кралски семејства или шефови на држави или влади и без парада. Со скромната церемонија Фелипе сака да покаже дека е во тек со актуелните состојби во Шпанија и финансиските потешкотии.