Албанија-Продлжува полициската акција во селото Лазара

Албанската полиција уништила над 10 тони марихуана и десетици илјади растенија канабис во селото Лазара, која денеска, трет ден по ред врши опсада. Околу 800 полицајци се распоредени околу селото што се наоѓа на околу 240 километри јужно од Тирана. Според полицијата, во селото се произведуваат 900 тони канабис годишно вредни околу 4,5 милијарди евра или речиси една третина од БДП на државата.